Испечати

Видео рецепт: Ќофтиња од туна

Видео рецепт: Ќофтиња од туна

Шпагетите со ќофтиња се класичен Италијански рецепт, но убаво е од време на време старите добри рецепти да ги освежиме со нови идеи или вкусови. Ќофтињата од туна се извонредни со своите свежи вкусови и толку се лесни за подготовка.

Состојки

  • 2 конзерви туна (во масло - исцедени)
  • 1 јајце
  • 50 грама лебни трошки
  • полна рака магдонос
  • една рака семки од шишарки
  • кора од еден лимон
  • сечкани домати или доматна пасата
  • сол и бибер
  • маслиново масло

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Тава за пржење и Лонец.

Подготовка

Чекор 1: Време е за сецкање. Крупно исечкајте ги семките од шишарки и магдоносот. Исцедете ја туната од конзервите и оставете ја малку да се проветри на даска за сечкање.

Чекор 2: За да ги направите ќофтињата, во длабок сад ставете ги состојките, вклучувајќи ги кората од лимон, лебните трошки и јајцето. Измесете ја смесата со раце, префрлете ја на даска за сечкање и спремни сме да ги направиме ќофтињата.

Чекор 3:Направете ги ќофтињата со раце. Од овој рецепт треба да добиете 8 до 10 ќофтиња. Ставете ги ќофтињата во фрижидер да отстојат неколку часа пред да ги пржите.

Чекор 4: Пржете ги ќофтињата од туна неколку минути во маслиново масло на среден оган додека да добијат златна боја, а потоа додадете ги доматната пасата и лимоновиот сок за да добиете сос.

Чекор 5: Ова јадење го сервираме со интегрална пене паста варена со маслиново масло и сол.

СОВЕТ: Комбинацијата на киселкаст лимон и туна е потполно успешна, а ако располагате со ограничени средства, семките од шишарки заменете ги со лебни трошки. Ќофтињата исто така можете да ги извалкате во брашно, јајце и палента пред да ги испржите.