Пилешки стек со печурки и павлака
Состојки
- 700 гр пилешки стек
- 500 гр свежи шампињони
- 250 гр павлака
- 1 голема главица кромид
- 2 чесниња лук
- сенф, брашно, зејтин, сол, вегета, бибер
Подготовка
1. Кромидот и лукчето се пропржуваат, па се додаваат ситно сецканите шампињони. Се динстаат на умерена температура околу 15 мин., па се додаваат сол, бибер и вегета. Се трга од оганот и се додава павлаката. Се промешува.
2. Стекот се посолува, се премачкува со сенф од двете страни, се увалкува во брашно и се пржи на зејтин, додека порумени од двете страни.
3. Во огноотпорен сад се ставаат печурките, одозгора се редат стековите, малку се притискаат во смесата со шампињони и се печат дваесетина минути на 200 ст. Ц.