Роловани кременадли
Состојки
- 5 кременадли( без коска)
- 150-200гр. спанаќ
- 170гр. свежи шампињони
- 120гр. биено сирење
- по потрева црн бибер, мешан сув зачин
- За премачкување
Подготовка
Кременадлите убаво истолчете ги. Секоја кременадла премачкајте ја со сенф и зачинете со црн бибер и мешан сув зачин. Оставете ги малку да отстојат за да се впие зачинот.
Во меѓувреме во тава на оган со малку масло ставете ги шампињоните да се пржат. Пред крај на пржењето додајте го спанаќот исцепкан на покрупни парчиња, посолете сосема малку и пржете заедно додека спанакот омекне.
На секое парче кременадла во долниот дел нанесете од смесата со печурки и спанаќ, ставете парчиња биено сирење и замотајте во ролат.
Странично секоја кременадла затворете ја со чепкалки и пржете ги на малку путер и масло.
Послужете со свежа салата или динстан компир и зеленчук.