Кадаиф на мој начин
Состојки
- 400 грама кадаиф
- 800 грама шеќер
- 1 л и 200 мл вода
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 80 мл зејтин
- 150 грама сечкани бадеми
- 80 грама суво грозје
- 1 лимон
- 1 портокал
Подготовка
Кадаифот го редиме во плекче. Потоа го попрскуваме со зејтинот. Го печеме околу 1 1/2 час до 2 часа во загреана рерна на 150 степени. Бадемите ги сечкаме ситно, лимонот и портокалот ги сечкаме на тенки кругчиња.
Во тенџере ја ставаме потребната количина вода со шеќерот и ванилата. Ги додаваме и лимонот и портокалот. Шербетот го вариме 20 минути на тивок оган се додека не добие жолта боја и да се згусти. Откако ќе ни се испече кадаифот го оставаме да се олади. Одозгора ги редиме насекаде подеднакво бадемите и грозјето, потоа и лимонот и портокалот.
Исто така и шербетот треба да се излади или да биде млак. Така треба бидејки ако го полиете со топол шербет ќе се залепат конците. Кадаифот што го подготвив за празникот Прочка ни се допадна на мене и на моите дома. Кој е по десерти со шербет се надевам дека ке му се допадне. Уживајте засладувајки се.