Посни полумесечинки
Состојки
- 250гр. посен маргарин(на собна температура)
- 250 мл. масло
- 150-170 гр. ситно мелен шеќер или прав шеќер+2 ванилин шеќер
- 1 лимон (кора и сок)
- 100 гр. мелени ореви
- околу 1 кг. брашно+1 пециво
Подготовка
Пенасто изматете го маргаринот со шеќерот, додадете го маслото. Матете додека се соедини, додадете рендана кора од лимон и сок, мелени ореви, изматете додека се соедини.
Полека додавајте од брашното измешано со пецивото почнувајќи да месите со рака додека добиете изедначено тесто што не се лепи и средно меко.
Поделете го на 2-3 дела.
Земете еден дел расучете го во кора. Ако ги лепите 2х2 расучете потенка кора, ако не ги лепите тогаш малку подебела колку еден мал прст.
Сечете со чаша(помала) полумесечинки. Со мала чашка извадете круг, од него ќе остане полукруг, направете со чашката уште еден полукруг колку што сакате да ви бидат тесни и широки,секоја една по една ваѓајте и редете на подмачкан плех .Ставете да се печат на 180-200 степени 5-10 ми. треба да останат бели.
Кога ќе ги ваѓате ќе бидат меки а потоа одма се стврднуваат. Откако ги извадивте валкајте ги во прав шеќер или прво лепете и две по две па валкајте ги во прах шеќер.
Чувајте ги во добро затворена кутија(пластична или лимена) добро затворени. Можат да стојат 1 недела и се уште поубави.
Од оваа доза излегуваат 2 и 1/2 плеха од рерна.
Може да правите и во други форми.