Гужвана гибаница
Состојки
- 500гр кори
- Фил
- 150мл масло
- 150гр сирење
- 200мл кисела вода
- 4 јајца
- 70гр маргари н
- 200мл јогурт
Подготовка
Во испасираното сирење се додаваат јајцата, јогуртот, маслото, маргаринот и киселата вода. Сето заедно се меша да се добие кашеста маса.
Во подмачкан плех со масло се става на дното една кора, а потоа се натопуваат една по една кора во претходно припремената смеса и се редат една до друга добро натопени и изгужвани. Одозгора се прекриваат со кора да се добие целина. Последната кора се премачкува со масло и се печи на температура од 180-200степени 30 минути.Пријатно!