Испечати

Посни колачи со мармелада

Посни колачи со мармелада

Состојки

  • Тесто
  • 1/2 мл масло
  • 250 мл млака вода
  • 2 пециво
  • брашно по потреба
  • Фил
  • 250гр мармелада од сливи, кора од лимон, мелени ореви, ванила
  • Шербет
  • 1 кг шеќер
  • 600 мл вода
  • За валкање
  • по желба/потреба мелени ореви, кокос

Подготовка

Постите веќе почнаа и еве еден од мене рецепт кој навистина е вкусен и лесен за да се направи.

Во длабок сад се става маслото, водата , пецивото и брашното и се замесува глатко тесто. Се дели тестото на 4 дела. Секој дел се сучи во кора која се премачкува со 2 лажици мармелада, 2 лажици мелени ореви, кора од лимон и ванила. Сето ова се замотува во ролат кој се сечи на парчиња. Од еден ролат излегуваат 10 парчиња. Значи од сите 4 ролати излегуваат околу 40 колачи.
Се печат во загреана релна на 200степени-30мин. Кога ќе оладат се попаруваат со шербет, се оставаат да впијат колачите од шербетот и се увалкуваат со мелени ореви или кокос. Пријатно!