Торта со ореви
Состојки
- Пандишпан
- 3 јајца
- 200 грама шеќер
- 1 ванила
- 200 мл масло
- 200 мл млеко
- 10 лажици брашно
- 1 пециво
- Фил
- 300 мл млеко
- 13 лажици шеќер
- 100 гр бела чоколада
- 120 гр мелени ореви
- 8-9 лажици бисквити ( може мелени и кршени по желба)
- 1 маргарин
Подготовка
Најпрво подгответе го филот. Ставете го млекото со шеќерот и чоколадата да зоврие потоа додадете ги оревите и бисквитите и оставете на тивок оган 4-5 мин со постојано мешање. Тргнете го настрана и оставете го да се излади.
Јајцата изматете ги заедно со шеќерот и ванилата потоа додатего маслото и млекото обработете убаво и на крај додадете ги брашното измешано со пециво и мешајте со лажица или жица. Смесата истурете ја во плех обложен со хартија и ставете да се печи во загреана рерна од 180 степени 20 мин ( во зависност од рерната). Готовиот пандишпан оставете го да се излади и исечете го на 3 ленти.
Маргаринот убаво изматете го со миксер и потоа додајте го филот обработете убаво да се изедначи смесата.
Филовање- кора,фил,кора,фил,кора,фил ( може доколку сакате и слатка павлака или шлаг).