Испечати

Пилешки ролат

Пилешки ролат

Состојки

  • ЗА РОЛОВАЊЕ
  • 1 .од 1,5кг или похолемо/ пиле ,најубаво е ако е свежо
  • малку/околу 100гр/ сенф
  • по потреба масло
  • по потреба вегета,сол и бибер
  • по потрба свилен или памучен конец/или готварски конец/
  • по потреба алуминиумска фолија
  • ФИЛ ЗА ПИЛЕТО
  • 250гр. мелено месо
  • 150-200гр чадена сланина сецкана на коцки
  • 150гр кашкавал-сецкан на коцки
  • 200-250гр сецкани печурки
  • 1 јајце
  • по потрева сецкан магдонос
  • по желба варен морков сецкан на коцки
  • по вкус сол,бибер и оригано

Подготовка

1. Пилето убаво измијте го и обескостете го. Извадете ги коските така што да остане само месото со се кожа. Ова ќе го направите со тенок нож со врв /ако имате комплет од ножеви, тогаш најпогоден ќе ви биде ножот за филети. Кога го работите ова внимавајте да не ја засечете кожата, бидејки таа ќе го држи целиот ролат во едно. Крилцата и батаците се отсекуваат.
2. Обескостеното пиле се отвора на работната маса/со кожата долу/ се трие со малку масло, со сол и бибер и вегета, па се премачкува со тенок слој на сенф.
3. Оставетего настрана и почнете со приготвување на филот.
4. Меленото месо, посолете го, побиберете го, па додајте го ориганото. Изместе го како би се примиле зачините со месото. Потоа додајте ги останатите состојки /кашкавалот,сланината,печурките,морковот и магдоносот /, додајте го јајцето и убаво изместе го да се добие компактна смеса. Оставте ја да одстои околу 15-20 мин.
5. Пилето распостелете го со кожата долу и нанесете го филот над месото. Добро распоредете го.
6. На поголема игла за шиење ставете го конецот /нека биде подолг / и сошијете ги краевите на кожата, така што ке добиете ролат, налик на долга салама.
7. Алуминиумската фолија намчкајте ја со масло и завиткајте го ролатот во неа. Завиткајте го во уште една фолија така што да биде убаво СПАКУВАН и да не диши при печењето од никаде.
8. Рерната загрејте ја на 200-220 степени. Спакуваниот ролат ставете го во тепсивче и пелете го околу 1 до 1,5.На околу 20-сетина минути кога ќе слушнете дека ролтот почнал да печи/се слуша цврчорење/, намалете ја температурата на 180 степени и продолжете да се печи.
9. После 1,5 час отворете ја фолијата и печете го ролатот се додека не добие убава златно кафена боја и кожичката не стане крцкава. Извадете го од рерната и оставете го да се излади убаво.
Најубаво е да се остави да се излади преку ноќ во фрижидер, а потоа да се сечат парчиња пред самото сервирање/Парчињата не ги сечете танки бидејќи ќе ви се растури филот, нека бидар дебели барем1,5 до 2 см.
Во дополнителните фотографии ќе ви прикажам како останува костурот од пилето, филованото пиле и зашиениот ролат.