Испечати

Видео рецепт: Рости од јаболки, компир и пашканат

Видео рецепт: Рости од јаболки, компир и пашканат

Скромното јадење рости потекнува од Швајцарија и всушност претставува пита од рендан компир и има различни имиња во различни земји. Еве една верзија во која дел од компирот го заменивме со пашканат и јаболко.

Состојки

  • 750 грама компир
  • 200 грама пашканат
  • 2 јаболки
  • сол и бибер
  • Маслиново масло

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Сет тави за пица и Тава за пржење.

Подготовка

Чекор 1: Излупете ги и изрендајте ги компирите во длабок сад, потоа и пашканатот, и на крај јаболките. За да направиме добро рости најважно е да го отстраниме вишокот вода, па затоа земете ја смесата во раце и исцедете ја водата од неа.

Чекор 2: Убаво зачинете ја смесата за рости со сол, бибер и маслиново масло. Загрејте средна тава за пржење со малку маслиново масло и потоа распоредете ја смесата за рости во тавата и притиснете ја за да добиете цврста пита.

Чекор 3: Пржете го ростито без да го мрдате и допирате околу 3 до 4 минути, потоа малку одлепете ги рабовите и ставете го на чинија. Превртете го ростито во тавата со непржената страна одоздола и оставете го уште неколку минути да се испржи од сите страни и да добие златна боја.

Чекор 4: Процесот на подготовка ќе го завршиме во рерна. Ростито го печеме околу 15 до 20 минути на температура од 150 степени за убаво да се испече одвнатре.

Чекор 5: Исечете го ростито на парчиња како пита и сервирајте го на чинија со омекнат спанаќ и уште малку зачини.

СОВЕТ: Ние уживаме во рости за појадок со јајца и сланина, но за време на постот ова јадење без месо и млечни производи може да се послужи како ручек за четири гладни возрасни лица. Можете да експериментирате и со додавање на разни зачини или билки во смесата.