Шримп (Ракчиња)
Состојки
- 1/2 кгр. исчистен шримп (ракчиња)
- 1 поголема главица лук
- 5-6 лажици маслинов зејтин
- 50 гр. путер, маслац или маргарин
- малку толчена црвена пиперка - буковец
- на вкус црн мелен пипер
- на вкус лимонов сок
- 1 шака многу ситно сецкан магданос
- на вкус сол
Подготовка
Ова е мој испробан и одомакинет рецепт од пријателката Дубравка која навистина предложи солидно спремање на шримпот.
Ако ја обожавате морската храна, пробајте и вие...
1. Најпрвин загрејте ја тавката, па во така загреана ставете го путерот (зависи што ќе користите) и маслиновиот зејтин. Внимавајте да не ги прегреете, доволно додека се стопи путерот.
2. На лесно загреаната мрснотија додадете го многу ситно исецканиот лук и на средна температура (медиум) пржете го лукот и не дозволувајте да прегори. Баш на тивка температура пржете за да може да ги пушти сосема своите содржини и мирис, а да не изгори. Потоа додадете сосема малку, колку што може со прстите да црпнете од буковецот и продолжете повторно на тивко да пржите се додека не пушти своите есенцијали и не се поврзе со лукот. (лесно се приметува тоа)
3. Тргнете за кратко и додадете сок од лимон (но не стискајте го целиот лимон, ако е потребно од после ќе додадете), малку мелен црн пипер и многу малку сол. Вратете на огнот.
4. Додадете го сега шримпот (свеж или замрзнат) и дозволете да се динстат неколку минути, односно додека не ја сменат бојата во розеникава (предходно се сивкасти). Внимавајте да не ги преварите бидејки од предолго варење стануваат жилави. Пред самиот крај додадете го магданосот, тргнете од огнот.
5. Пробајте на вкус... ако не е доволно солено - досолете, ако сакате повеке лимонов сок кој го неутрализира мирисот- додадете, но притоа да не се прекисели и да надвладее над вкусот од шримпот.
Толку е околу припремата на шримпот.
Совет
- Не дозволувајте да се шримпот предолго динста (вари) бидејки во тавката освен мрснина треба да остане и течнот - одлично за макање со препечено лепче.
- Не смее киселината да преовлада и совлада вкусот на шримпот.
- За да добиете повеке на течност за топење или прелевање - слободно додадете малку вода или бело вино во моментот кога шримпот ке го ставите во тавката.
- Одлично како јадење засебно ако препечете лепце на маслинов зејтин со кој ке си мацкате во течноста.
- Можете да го служите со сварени макарони, шпагети, ориз... доколку не не го спремате за пости- тогаш посипете и со пармезан кој исто така можете да го ставите пред самиот крај кога шримпот се динста.
- Ако го спремате посно - тогаш ставете маргарин, изоставете пармезанот.
- Мора да внимавате и на количините... мора да има доволно од шримпот и сосот со него - да не останат суви макароните, оризот или шпагетите.
Бидејки не сум правела на друг начин, не знам за раликите помеѓу рецептите кои се навистина безбројни за шримпот и морските плодови.