Кисела зелка со сушено месо
Состојки
- 2 кг. зелка кисела
- 2 главици кромид
- 500 гр. суви свински ребра
- 50 гр. сува сланина
- 2 лажици супени маст свинска
- 1 лажичка мала алева пиперка
- Неколку зрна црн бибер
- 1 лажицка мала мешан зачин
- 1 лажица супена брашно (за запршка)
- 2-3 листа ловоров лист
- по вкус готварска сол
Подготовка
1. Во погоден сад за варење, ставете 1 лажица свинска маст, потоа распоредете 1/2 од исечената зелка на средно крупни коцки-ленти, врз неа распоредете го ситно исецканиот кромид, исецканата сува сланина на коцки, попрскајте со 1 мало лажиче мелен црвен пипер, 1 лажиче мешан зачин, ставете неколку зрна црн бибер, 2-3 листа ловоров лист и ако има потреба посолете.
Распоредете ги парчињата сушено месо-ребра сосе коските (по желба, може и друго сушено месо од други делови). Врз овие состојки, распоредете ја другата половина од исецканата зелка. Сите подготвени состојки во садот, залијте ги со околу 700 мл.топла вода (така да се залие 2/3 од висината на состојките во садот), и садот ставете го на умерена температура да се вари-крчка околу 2 часа и повремено по потреба долевајте топла вода, одржувајки ја почетната висина на течноста. Во текот на варењето, содржината во садот не се меша.
2. Откако состојките во садот доволно ќе се сварат и омекнат, се подготвува запршка од 1 лажица брашно и 1 лажица маст. Подготвената запршка со течноста од садот каде се вари зелката добро ја разредуваме и со неа одозгора ја залеваме зелката во садот (повторно без мешање на состојките, може со лажица странично да се промрда масата од состојки) по потреба посолуваме и малку наросуваме со мелен бибер и продолжуваме со варење-крчкање уште 15-20 минути. Сервирајте и добар апетит.
НАПОМЕНИ
-Лесно за правење, без прженици, печење и слични постапки, само пореди ги во тенџерчето и крчкај и крајниот резултат е вкусно подготвена зелка. Воедно искористите за да ја потрошите зелката од расол во буренцето.
-Наместо маст свинска, ако моментално немате, можете и со масло,
- Освен суви ребра може и друго сушено месо
- По желба во средината може да издробете и една сува пиперка или буковец
- Ако правите количински за повеќе порции, состојките може да ги редете на објаснетиот начин во повеке слоја со тоа што одозгора секогаш да заврши со слој од зелка.