Испечати

Гриз наполеонка

Гриз наполеонка

Состојки

  • 1 литар. млеко
  • 10 лажици шеќер(може и помалку)+ ванилин шеќер
  • 10 лажици гриз
  • 100 гр. бела или црна чоколада
  • 200-250 грама бисквити(правоаголни)

Подготовка

Одземете 200 мл. од млекото, останатото ставете го да се згрее. Во одделенто млеко растворете го гризот и шеќерот. Во загреаното млеко, кое што по малку почнало да се поткрева, сипете го гризот и постојано мешајте додека се свари и се згусти, околу 2-3 мин.
Додајте ја чоколадата на коцки додека е топол и измешајте да се стопи.
На плехче 20*30 см. наредете ред бисквити(кај мене требаше 4*5)
Ставете го гризот топол, над него наредете уште едн слој бисквити. Оставете го во фрижидер 1-2 часа доека се олади и стегне.

Брз и лесен десерт без маргарин кој освежува.Може да го правите и во слоеви но во помало плехче.