Кус-Кус во слатка верзија
Состојки
- 1 чаша вода
- 1 чаша кус-кус
- 400 мл. млеко
- 200 мл. слатка павлака
- 4 лажици шеќер
- 1 ванила
- 1 пудинг од ванила, карамела или тирамису
- на вкус мед, цимет, ореви,
Подготовка
Кус-кусот во цел свет познат и обожаван во солена верзија, а слатката верзија е алтернатива. Јас овој ден се одлучив за алтернативата, што вели пријателката Имму, зошто пак да не го замениме со оризот, а го сакам во сите солени варијанти.
1. Прво сварете го кус-кусот онака како што ви пишува на самото паковање или према горенаведените мерки, по 1 чаша вода и кус, водата да е веќе пред зовирање, ставете го кус-кусот и варете околу 4 мин. Во сварениот кус-кус додадете ванилата- промешајте.
2. Млекото и павлаката измешајте и издвојте 200 мл. во кои ќе го растворите пудингот и шеќерот.
3. Во останатото млеко и павлака сварете го пудингот, на самиот крај додадете го сварениот кус-кус.
4. Ставете во модли кои ви ќе си ги изберете или чаши служете млако или ладно, ставете одозгора мед, цимет, ореви, тоа останува на вас и вашиот вкус.
1 чаша - 100 мл.
Забелешка
Кус-кусот се продава со најразлични упатства, некој само се залие со врела вода и одстојува неколку минути (инстант), некој се вари. Јас го имам овој што го варев со иста количина на вода и кус-кус, па согласно оваа мерка се користени состојките во грамажи како што се напишани. За поголема количина ќе зголемувате и количините.