Испечати

Салата со мали макарончина

Салата со мали макарончина

Состојки

  • 500 гр мали макарони
  • 200 гр шункова салама
  • 200 гр кашкавал
  • 7 кисели краставички
  • 600 гр павлака ( 3 павлаки )
  • 5 лажици мајонез

Подготовка

1. Макарончината ги вариме во солена вода. Се цедат и се оставаат да се изладат.
2. Саламата, кашкавалот и краставичките ги сецкаме на коцки.
3. Во голем сад ги ставаме макарончината и сецканите состојки. Ги додаваме павлаката и мајонезот и сол по вкус. Мешаме и сервираме.