Испечати

Видео рецепт: Црвено Тајландско пилешко со кари

Видео рецепт: Црвено Тајландско пилешко со кари

Тајландската храна е една од најдобрите во светот и за овој рецепт може да се каже дека е најпрочуениот од оваа земја. Јадењето се состои од сладок и зачинет сос од кокосово млеко во кој се пошира пилешкото и мешавина од зеленчук. Сервирајте го со басмати ориз или со ароматичниот јасмин ориз, ако можете да најдете.

Состојки

  • 2 парчиња пилешки гради
  • 1 конзерва кокосово млеко
  • половина главица црвен кромид
  • неколку парчиња сув модар патлиџан
  • 1 црвена пиперка
  • 1 морков

Зa пастата ќе Ви треба:

  • половина главица црвен кромид
  • 3 лажички лут чили во прав
  • 3 чешниња лук
  • 1 парче ѓумбир со големина на палец
  • 2 лажици доматно пире
  • 1 лажица соја сос
  • 1 лажица шеќер

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Касерола.

Подготовка

Чекор 1: Ќе почнеме да ја правиме кари пастата. Земете толчник и во него ставете ги разните состојки – исечканиот кромид, чешнињата лук, ѓумбирот, црвениот чили во прав, доматното пире, соја сосот и шеќерот. Толчете ги неколку минути додека да добиете паста која е скоро мазна. Пастата ќе ја ставиме во кокосовото млеко за да му дадеме боја и вкус на сосот.

Чекор 2: Исечкајте ги останатите состојки кои ќе ги пошираме во кокосовото млеко – црвениот кромид, црвената пиперка, морковот и пилешките гради.

Чекор 3: Загрејте ја содржината од една конзерва кокосово млеко во тава и постепено додадете 2 лажици кари паста мешајќи ја со сосот. Ставете и повеќе ако навистина сакате луто!

Чекор 4: Кога пастата ќе се раствори во млекото, ставете го зеленчукот и пилешкото и поширајте ги во сосот. Ова е здрав начин на готвење бидејќи состојките не ги пржиме. За да го направите јадењето уште поздраво, одберете кокосово млеко со половина од нормалната содржина масти, ако можете да најдете.

Чекор 5: Поширајте ги состојките 5 до 6 минути. Пилешкото ќе се зготви релативно бргу, но немојте да преварите ниту една од состојките. Треба да бидат меки и да имаат свеж вкус.

Чекор 6: Сервирајте го јадењето со басмати ориз, ставајќи го врз него прво пилешкото како најважен дел од јадењето, а потоа прелијте го со прекрасниот сос. Толку е добро!

СОВЕТ: Црвеното, зеленото и жолтото кари се добро познати во Тајланд, а бојата зависи од состојките кои ги додавате во пастата од кари. Овој рецепт не е стопроцентно автентичен Тајландски бидејќи користиме состојки кои ги има во Македонија. Можете да купите кари паста во некои продавници, но таа е скапа и секако е позабавно кога сами ја правите.