Филована баклава
Состојки
- потребно за филовање
- 500гр кори
- 4 јајца
- 1 шоља/од 200мл/ шеќер
- 1шоља масло
- шоља млеко
- 1 паковање прашак за пециво
- потребно за посипување
- 1-2шољи мелени и сецкани ореви
- 1-2 шољи суво грозје /по можност црно бидејки е повкусно и помирисливо/
- шербет
- 3 шољи шеќер
- 2,5 шољи вода
- 1 лимон кората а по желба може и сокот
- 1-2 пакетчиња ванилин шеќер
Подготовка
Ова е една од редот на рецепти за баклава, мнгоу сочна и мека, полна со вкусот на оревот и сувото грозје....
1. Пенасто изматете ги јајцата и шеќерот, па додајте го млекото и маслото, убаво промешајте и додадете го прашокот за пециво. Ова ќе биде филот кој што ќе се нанесува на корите.
2. На дното од четвртастата тава ставете малку масло и прмачкајте го дното. Ставете две кори и врз нив турете од филот со јајцата, нека делува како слој кој го прекрил дното на тавата. Одгоре ставете повторно 2 кори, па фил и така 3-4 пати,
3. Завршувате со кора која што ќе ја посипете обилно со мешавината од ореви и суво грозје, повторно две кори, па ореви и суво грозје и така 3-4 пати
4. Повторно ставате две кори, па фил и така по ред, фил/3-4 пати/,посип/3-4пати/ се додека имате материјал и кори. Треба да завршите со фил и да ви останат 3кори за одгоре.
5. Готовата кора насечете ја на коцки или ромбови. Јас ја сечам на коцки бидејки мислам дека е поубава, а со самото печење баклавата доста нараснува, па ако е во ромбови нема да ја задржи формата, коцката е поедноставна и не се разлева.
5. Печете ја во загреана рерна на 200-220 степени, се додека не добие убава зарумената боја на кората. Јас тука правам еден исклучок, па последната кора ја премачкувам со малку масло или растопен путер, така баклавата добива убава крцкава препечена коричка.
6. Шеќерот и водата сварете го во густ шербет, додајте ја кората од лимонот, а ако сакате и самиот сок, во шербетот на било кој колач кој што е потурен, секогаш ставам сок од лимон, ,бидејки со тоа самиот колач станува полесен за јадење и ја нема онаа тежина на потурените колачи.
Изладената баклава/нека биде млака /ја прелеваме со исто така млак шербет и ја оставаме околу 3-4 часа /може и повеќе/ за да се впие и баклавата ја добие мекоста .
Оваа баклава треба да биде мека и да делува како тортичка....