Испечати

Слатко од кора од портокал

Слатко од кора од портокал

Состојки

  • состојки
  • 4-5/може и повеќе/ портокали/по можност не прскани/
  • попореба/на 100гр. кора 150гр шеќер/ шеќер
  • по потреба/ да се прекрие шеќерот околу 1/2 см / вода
  • 1-2 лимони

Подготовка

Бидејки ова е сезоната на евтини портокали,  еве еден рецепт за едно специфично слатко, кое што може да ви послужи и како додаток во колачи, торти и другу убави и слатки нешта...

Подготовка
1. Целите портокали убаво измијте ги со топла вода и малку еколошко сретство за миење садови. Исушете ги со бришење со крпа.
Секој портокал зарежете го во должина на танки ленти со дебелина од околу 0,5 до 1 см.
2. На свилен или малку подебел памучен конец нанижете ги корите од портокалот, завиткани како полжавче/во дополнителните фотографии го има начинот на нижење на портокалите/.
3. Полжавчињата од портокал ставете ги во длабок сад и налејте ги со ладна вода, Оставете ги да одстојат околу 24 часа, со тоа што барем 3-4 пати променете им ја водата.
Една моја пријателка има интересен начин за чистење на кората на потокалот при подготовката за слатко. Имено таа во водата во која што одстојуваат полжавчињата од портокал додава сода бикарбона и тоа во секој нареден пат при промена на водата повторно додава малку сода бикарбона.
4. После 24-ри часовното одстојување во водата, се цедат и се ставаат во длабок сад и се налеваат со вода толку колку да се прекријат коричките одприлика околу 1 прст/1,5 до 2см/ над нив. Варете околу 5 мин, исцедете ги и повторете ја пшостапката уште 4-5 пати, коричките да омекнат.
5. Од шеќерот и водата сварете густ сируп/на 100гр коричка 150г шеќер/ додајте ги полжавчињата од портокалот и варете го слаткото се додека кората не се застакли /времето на варење на слаткото зависи од количината на слатко што ќе го подготвувате, така да колку ќе го варите треба сами да си одлучите/.
6. Во вареното слатко додајте ги лимоните насечени на кругови и варете уште 10-сетина мин. Тргнете го од огнот и прекријте го со влажна платнена крпа.Оставете го до наредниот ден убаво да се излади.
Изладеното слатко соберете го во чисти теглички/ова слатко е најубаво да се собираво мали теглички/со запремнина од околу 20-300мл/бидејки ако го отворите, да не ви остануваат, а и /барем по мене/се што е во помали количцини спакувано е поубаво за око.

Напомена
Од еден портокал излегува околу 100-150гр коричка, но и тоа зависи од големината на портокалот.
Ако готовите полжавчиња од слаткото ги ставите на промаја и ги исушите би можеле да ви послужат како додаток во сувите колачи, на кои што ќе им дадат прекрасен вкус и мирис...