Крцкави лебчиња со сланина и прелив од лукче
Состојки
- 6 тост лебчиња
- 200гр. ленти чадена сланина
- 200гр. маринирани шампињони
- 50гр. сирење пекорино
- 1 лажица магдонос
- 1 чешне лук
- Прелив
- 4-5 чешниња лук
- 3лажици вински оцет
- 2 лажички вода
- 1,5 лажичка маслиново масло
- по потреба сол
Подготовка
Во тефлонска тава ставете ги лебчињата да се подзапечат, додека станат крцкави.
Лентите сланина ставете ги во тава и пржете ги се додека станат крцкави.
Во тавата во која сте ја пржеле сланината ставете ги шампињоните и кратко пропржете ги.
Потоа пригответе го преливот, така ,што во мал подлабок сад ставете го истолченото лукче,водата, оцетот, маслото. Посолете по вкус и измешајте.
Секое тостирано лебче премачкајте го со чешне лук. Одозгора ставете од лентите сланина, печурките, парчиња пекорино и малку магдонос. Нанесете по малку од преливот и послужете.