Аранчини од ориз
Состојки
- 400 гр ориз
- 1/8 главица кромид
- 5 лажици масло
- 1-1,2 л вода
- 30 гр путер
- 50 гр пармезан
- по потреба сол, вегета
- Фил- рагу
- 250 гр мелено месо
- 1/4 главица кромид
- 1 мал морков
- 1 лукче
- 1 ловоров лист
- 30 мл вино
- 60 гр грашок
- 6-7лажици доматен сос
- 1/2 лажиче мајоран
- по потреба сол, вегета, бибер
- За поховање
- 1-2 јајца
- по потреба презла
- по потреба масло за пржење
Подготовка
Подготовка на оризот
Во голема тава на масло пропржете го ситно исецканиот кромид, додајте го оризот и се заедно измешајте. Налејте го со водата, додајте по малку сол и вегета но внимателно бидејќи и пармезанот е солен. Оставете го да вари додека течноста испари и оризот е варен.
Во сварениот ориз додајте го пармезанот и путерот, измешајте го и оставете го целосно да олади.
Подготовка на филот
Во тава со 2 лажици масло и 1 лажица путер пропржете го ситно исецканиот кромид, морков и лукчето, додајте го меленото месо и уште малку пржете ги заедно. Потоа додајте го виното, пола чаша вода, ловорот, зачините, доматниот сос и оставете го да вари додека испари течноста и сосот се згусти. Кога е готов додајте го грашокот измешајте го и оставете го да олади.
Подготовка на аранчините
Се зема од оризот и на дланката се прави како плескавица се става одприлика по две лајчина од филот и се формира како топка.
Направените топки оставете ги околу половина час во фрижидер да се стегнат и потоа следи поховање и пржење.
Најпрво извалајте ги во изматеното јајце, потоа во презлата и пржете ги во поголема количина загреано масло колку да заруменат.Пржени ставајте ги на салфетки да го впијат вишокот на маснотија.
Се служат топли со салата по желба.
Од оваа смеса јас направив 13 аранчини но во зависност од вашата потреба можете да ги преполовите состојките и да направите помалку.