Испечати

Чоколадни плочки

Чоколадни плочки

Состојки

  • 200гр. чоколадо за готвење(мин 70% какао)
  • 180гр. путер
  • 3 жолчки
  • 2 јајца
  • 200гр. шеќер
  • 100гр. брашно
  • За филување
  • 1 кесичка чоколаден шлаг крем
  • 200мл. ладно млеко

Подготовка

Во сад на пареа ставете го чоколадото и путерот да се топат.
Во сад за матење изматете ги јајцата, жолчките и шеќерот.
Откако ќе изматите додајте го растопеното чоколадо и путерот.
Убаво измешајте и на крај додајте го брашното.
Убаво соединете ја смесата и ставете ја во правоаголно плекче обложено со хартија.
Печете на 180 степени, 15-20 минути.