Медитерански кус кус со прокељ
Состојки
- 2 филџани 200мл кус кус
- 500 гр прокељ
- 4 средни моркови
- 300 гр свежи печурки по избор
- 1 лажица био зачин
- малку рендан ѓумбир
- 1 лажичка бел бибер
- 1 лажичка куркума
- 1 лажица соја сос
- 3 лажици маслиново масло
- 25 гр путер
- сол по желба
Подготовка
Во тенџере ставете 2 филџани вода со малку зачин и сол да зоврие. Тргнете го тенџерето на страна и истурете ги двата филџани кус кус. Поклопете го и оставете го 2,3 минути. Намалете ја температурата на ринглата и вратете го кус кусот. Ставете ја коцката путер, додадете куркума и мешајте за да се одвојат зрнцата и да се добие смеса во форма на ронки. На загрена вок тава со малку масло ставете ги на пола исечените прокељици, на косо исечените кругови морков и тенките листови печурки. Пржете ги околу 7 минути и додадете зачин и бибер, нарендајте малку ѓумбир и додадете 150мл вода. Поклопете ја тавата со капак и динстајте го заленчукот уште 15 минути на тивко. Додадете на крај соја сос. Сервирајте го топло врз подготвениот кус кус. Пријатно јадење..