Испечати

Киш со печурки

Киш со печурки

Состојки

  • 1 чаша брашно
  • 1/2 пециво
  • 125 гр. кисело млеко
  • 100 гр. стопен маргарин
  • 2 јајца
  • Фил
  • 200 гр. печурки шампињон
  • 125 гр. крем сирење или кисела павлака
  • 2 јајца
  • 1 кромид
  • на вкус сол, бибер

Подготовка

Ајде сега малку соленко....
Кишот ми е превкусен, а уште подобар шмек доколку се печурките свежи, во недостаток на истите, заменски се маринираните.
 
Најпрво спремете го филот
1. Во тавче ставете да ги пржите насецканите печурки, додајте го исецканиот кромид и допржете. Посолете малку. Тргнете настрана нека олади. Во оладено додадете го крем сирењето или павлаката која сте ја малку исцедиле, додадете јацата и измешајте. Оставете настрана.
2. За подлогата
-Стопете го најпрво маргариноти оставете го  на страна.
- Со миксер изматете ги пенасто јајцата во кои ќе додадете малку сол, потоа додадете го киселото млеко- измешајте, додадете стопениот маргарин- измешајте, додете го брашното во кое сте го измешале пецивото.
3. Во модла со размер 26, ставете хартија за печење, ставете ја смесата за подлогата, со шпатула израмнете. Над подлогата исипете ја смесата за филот, ставете да печете во предходно загреана рерна на 200 степени. Се пече околу 20 мин.
Да олади малку - сервирајте.
1 чаша = 250 мл.
Совет
Доколку немате свежи шампињони, заменете со маринирани, но тогаш прво ставете да се пржи кромидот, потоа додадете ги печурките.