Испечати

Спанаќ со ориз, печурки и маслинки

Спанаќ со ориз, печурки и маслинки

Состојки

  • 500 гр. спанаќ
  • 2 глави кромид
  • 250 гр. свежи шампињони
  • 3 млади кромидчиња
  • 150 гр. зелени маслинки без семка
  • 300 гр. ориз
  • на вкус сол. бибер-вегета, магданос
  • 900 мл. вода

Подготовка

1. На четвртинки исечени шампињоните ставете ги загреан зејтин да ги пржите.
2. Додадете го ситно исецканиот стар кромид, нека заедно се пржат се додека не стане застаклен кромидот.
3. Исецкајте го младиот кромид поедро, додадете во тавката, нека се пржи заедно.
4. Измиениот ориз додадете го и пржете додека истиот стане застаклен.
5. Измиениот и исечен спанаќ посебно испржете и додадете во тавката.
6. Сето ова заедно префрлете во садот во која ке го печете, зачинете со сол, вегета, бибер, додадете магданосот. Измешајте.
7. Наредете одозгора со исчени на четвртинки маслинките.
8. Залијте со вода и ставете во рерна која предходно сте ја вклучиле.
Забелешка
Јас денеска ставив маринирани мешавина од печурки и црни маслинки. Повторно добро.
Односот на водата кога се спрема ориз тава секогаш е 1 према 3