Кинеска пилешка супа
Состојки
- За основа на супата
- 1 пиле без крупните делови, од нив згответе друго јадење
- 1 лажичка сол
- За супата
- 1 страк праз
- 1 мала главица кромид
- 1 чешне лук
- 2 поголеми моркови
- 200 гр кинеска зелка
- 12 Шитаке печурки
- 100 гр оризови кинески резанци
- неколку лажици масло
- по вкус сол, бибер
- 2 лажици соја сос
- малку шеќер
Подготовка
Ставете ги ситните делови од едно пиле во ладна вода, додајте ја солта и оставете да се вари додека месото не испадни од коските. Исчистете го месото и процедете ја супата.
Во едно средно големо тенџере ставете го маслото и загрејте го на средна температура. Празот исечете го на коси тркалца, кромидот на ребра, протиснете го лукот. Морковите исечете ги на украсни тркалца, кинеската зелка исечете ја на резанки, а од печурките отстранете ги рачките.
Динстајте го целиот зеленчук десетина минути на средна температура со повремено мешање, малку да омекни. Додајте околу литар до литар и пол супа, исчистеното месо, печурките, посолете, побиберете и варете на тивко, покриено околу 15 мин. Додајте ги оризовите резанци, покријте го тенџерето и оставете го да стои на исклучена рингла 5 мин.
Додајте го соја сосот, малку шеќер, па дотерајте го вкусот со сол и бибер ако има потреба.
Супата е навистина многу вкусна, полна со зеленжук кој заради краткото варење ја задржува убавата боја и вкус.