Шарен пудинг од зеленчук
Состојки
- 500 грама компири
- 500 грама моркови
- 700 грама спанаќ
- 100 грама путер
- 200 грама кашкавал
- 100 грама чадена шунка
- 4 - 5 лажици брашно
- 1 чешне лук
Подготовка
Се варат посебно компирот и морковот во посолена вода и се пасираат ( посебно). Спанаќот кратко се проварува, се цеди и се сецка ситно. Зеленчукот го ставаме во три посебни чинии и во секоја додаваме парче путер и едно јајце. Се меша и се посолува по вкус.
Во пирето од морков и спанаќ се става по 2 - 3 лажици брашно. Калапот во кој ќе печеме го премачкуваме со путер и посипуваме со презла, па ставаме пирето од компир, рендаме кашкавал и ставаме сечкана шунка, па го ставаме пирето од спанаќ и ја повторуваме постапката на крај го ставаме пирето од морков.
Печеме на 180 степени околу 30 40 минути.
Откако ќе се испече и малку излади го превртуваме пудингот на чинија и јадеме