Пита со мелено месо
Состојки
- Пред тесто
- 250 мл. топла вода
- 1 свеж(40 гр.) квасец или 2х7 гр. сув квасец
- 1 лажиче сол
- 1 лажиче шеќер
- 1 лажиче брашно
- Тесто
- 1 кг. брашно
- 100 мл. масло
- 100 мл. јогурт
- 1 јајце
- 1 лажиче сол
- Фил
- 800 гр. мелено месо
- 1 главица кромид
- масло(околу 100 мл.) за пржење
Подготовка
Пред тесто
Во топлата вода ставете ги состојките и измешајте. Ставете на топло околу 5 мин. додека да надојде.
Тесто
Брашното просејте го и во него ставетее ја солта измешајте и ставете го надојдениот квасец, јајцето, масло и јогуртот. Заместе меко тесто што не се лепи на рацете. Покријте го со чиста крпа и оставете го на топло да надојде(не мора да го оставате ако го имате направено филот).
Фил
На загреано масло ставете да се пржи ситно секаниот кромид, додека стане стаклест, да не изгори. Ставете го меленото месо и зачинете измешајте. Повремено мешајте и пржете додека месото биде готово(пробајте го).
Кога е готов филот од тестото одделете 6 еднакви топчиња.
Размесете кора од едно топче во големина на плехот во кој ќе печете(тркалезен бр. 30). На намрсен плех ставте ја првата кора, ставете 5-тина од филот на кората. Постапката повторете ја со останатите кори.
Кога е готово исечете го на коцки или ромбови и оставете го на топло да надојде 30- тина минути. Ставете да се печи во загреана рерна на 200 степени 45 мин. додека зарумени. Извадете ја и со навлажнета рака малку намачкајте го да омекне и над него ставете најлонска кеса, па крпа.
Оставете малку да се олади и служете .....