Чоколадни коцки
Состојки
- тесто
- 4 јајца
- 100гр шеќер
- 200гр путер
- 100гр црно цоколадо
- 1 пакетче прашак за пециво + 6 големи лажици брашно
- прелив за колачот
- 200гр црно чоколадо
- 500мл слатка павлака
- по желба за премачкување
- по желба/потреба мармалад (малини во овој случај)
Подготовка
Овој колач го правев по рецептот што го најдов на интернет и многу сум задоволна од вкусот, само што во мојата верзија има додадено мармалад кој што го намачкав на кората пред да ја пелијам со филот и ванила во самото тесто.
1.Подготовка на тестото
Жолчките се одвојуваат од белките и се матат со шеќерот во густа пена.
Путерот и чоколадото се топат на пареа и се додаваат во изматените жолчки. Убаво се мати со миксерот, а со самото матење смесата добива густина. Брашното се меша со прашакот за пециво и се додава во смесата со жолчки.
Посебно се матат белките/ тука јас му додадов и ванилин шеќер, иако во оригиналниот рецепт го нема/.
Двете смеси се соединуваат мешајки со лопатка со нежни движења.
Тавчето сепремачкува со путер и се посипува со малку брашно./димензии на тавчето се отприлика 20х28см/.
Се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 до 25мин .во зависност од јачината на елкт. шпорет.
2. Подготовка на филот
Додека се пече тестото слатката павлака и чоколадото се топат на тивок оган се до точка на вриење. Самата смеса на филот е доста течна, но со самото ладење се згуснува и стегнува во фина кремаста структура.
Топлото тесто се избоцкува со вилушка и се прелива со топлиот фил.
Во овој дел јас направив една измена, имено топлото тесто го премачкав со мармалад од малини кој што предходно го испасирав преку цедалка и им ги отстранив семките, а потоа го прелив со топлиот фил.
Добиениот колач се остава да се излади истегне, па потоа се сечи на коцки.