Видео рецепт: Чоколаден колач со сос
Еве еден едноставен чоколаден десерт кој можете да го подготвите за 10 минути и да го ставите да се испече пред да седнете да вечерате. Смесата овде е погуста отколку кај обичниот чоколаден колач, па затоа додадете кафеав шеќер за готовиот десерт да биде помек.
Состојки
Зa колачот ќе Ви треба:
- 150 грама шеќер
- 150 грама путер
- 4 јајца
- 250 грама брашно
- 50 грама бело чоколадо
- 5 лажици какао во прав
- 3 лажички прашок за печиво
Зa сосот ќе Ви треба:
- 90 грама шеќер
- 50 грама какао во прав
- 100 милилитри вода
Вид на оброк: Десерт
Комплексност: Лесно
Лица: 8
Време на подготовка: 30-60 мин.
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Ростер и Сад за сос.
Подготовка
Чекор 1: Правењето на чоколадниот колач е многу лесно. Изматете ги шеќерот, јајцата и путерот заедно. Потоа додадете ги сувите состојки – брашното, прашокот за печиво и какаото во прав. Кога состојките ќе се спојат, со лажица ставете ја смесата во Ростерот намачкан со путер и одозгора ставете 50 грама парчиња бело чоколадо. Печете го колачот 22 до 25 минути во рерна со вентилатор загреана на температура од 150 степени.
Чекор 2: За да го направите сосот, едноставно измешајте ги какаото во прав, шеќерот и водата во сад за сос и полека загревајте ги додека сосот да се спои и згусне.
Чекор 3: Извадете го чоколадниот колач од рерната, оставете го малку да се излади и сервирајте го топол со чоколадниот сос. Ќе ставиме и малку течен крем – за секој случај, можеби рецептов не е доволно екстравагантен!
СОВЕТ: Еве еден трик – направете го рецептот со кафеав наместо со бел шеќер. Намачкајте голем стаклен сад со путер, ставете ја смесата за колачот и покријте ја со целофан. Ставете го садот во микробранова печка 5 минути и гледајте како колачот нараснува и се пече. Инстант колач!