Испечати

Запечен кељ папучар - Прокулици

Запечен кељ папучар - Прокулици

Состојки

  • 750 гр. прокулици
  • 1 лажичка бибер
  • 1 лажичка мускатно оревче
  • 1 лажичка микс од црвен сладок пипер на Вегета
  • 4 лажици бело вино
  • 1 лажичка сол
  • 100 гр. сува сланина
  • 1 јајце
  • 200 мл. кисела павлака
  • 60 гр. кашкавал - ементалер
  • 50 гр. маргарин или путер
  • 3 лажици лебни трошки

Подготовка

Овој кељ папучар или популарни прокулици, јас многу ретко ги наоѓам овде на нашиот пазар, не пропуштам прилика каде и да ги најдам да земам. За прв пат кога се сретнав со нив поима немав како да ги приготвам. Во Бурдин кувар најдов, а потоа и на интернет. Сум пробала повеќе рецепти, но денес ви го презентирам тој што тогаш го најдов на интернет и не знам од каде и кој е авторот, го запишав во нотесот и најчесто го правам бидејќи вака најповеќе го сакаме. Се служи како прилог, а кај нас минува и како главно јадење со додаток на некоја салата.
 
1. Измијте ги прокулиците (кељ) и исчестето ги од надворешните листови. Со остро ноже засечете во форма на крст на местото каде што е скинат од стеблото (кај кочанчето) и тоа длабочина околу 3-4 мм.
2. Вака спремани ставете ги на сип сад и нека се варат на пареа околу 15 мин. Одстранете го потоа сип садот и оставете настрана.
3. Во касеролата ставете 2/3 од маргаринот или путерот, растопете го и додадете во него оцедените прокулици, додадете 1/2 од количината на мускатното оревче, биберот, црвениот пипер, малку сол и така нека се пржат околу 2-3 мин. Подлијте ги со виното и варете додека виното испари.
4. Исечете ја сланината на коцки.
5. Исечете и кашкавалот на коцки.
7. Павлаката и јацата измешајте ги. Додадете ја останатата количина од мускатниот орев и уште малку бибер.
8. Во садот во кој ќе печете ставете ги прокулиците, меѓу нив ставете ја сланината. Залијте со добиената смеса од јацето. Одозгора посипте со лебните трошки, покријте ја горната површина. Врз лебните трошки наредете го останатиот путер или маргарин кој е исечен на коцки. Печете во рерна на 180 степени околу 20 мин,. односно додека лебните трошки добијат убава златеста боја. Не дозволувајте да ви прегорат.
Добар апетит ви посакувам.

Забелешка
- засекувањето на прокулиците е потребно заради рамномерно варење на истите.
- Служете како додаток на главно јадење - печено месо било од кое животинско потекло освен риба..