Солено рафаели со пилешко месо
Состојки
- 1кг пилешко месо
- 1 комплет зачини за супа/магдонос,пашканат,целер,морков/
- околу 200гр кравски кашкавал исечен на коцки
- 500гр фета сирење
- 7-8 парчиња кисели краставички исецкани на коцки
- 1-2 лажици мајонез
- 1-2 лажиц и кисела павлака
- 1 мало лажиче сенф
- 20-сетина зелени маслинки со пиперче
- 2-3 јајца
- по потреба/околу300гр/ сусам
- по потреба/околу 200гр./ презла
- по вкус сол и бибер
- по потреба/околу1 литар/ масло за пржење
Подготовка
1. Измијте го месото и комплетот за супа, ставете го во длабок сад. Додадете вода и сол по вкус,па оставте да се вари се додека не се свари месото.
2, Свареното месо заедно со комплетот за супа извадетего од водата и оставете да се излади..
3. Изладени сомелете ги на машина за мелење месо.
4. Во длабок сад, на мелената смеса додадетеги краставичките, кашкавалот ,фетата издробена со вилушка, мајонезот, сенфот и киселата павлака. Добро измесете го..
5. Од добиената смеса правете топчиња, отприлика колку големина на тениско топче. Во средината на секое топче ставете по една маслинка .
6. Во длабок сад изматтеги јајцата, а во посебни два длабоки садови ставете ги сусамот и презлата.
7. Маслото загрејтего во длабок сад/или ако имате фритеза може да послужи за пржење/.
8. Секое топче прпелајтего во презлата, се додека има смеса од месото.
9. Одреден број на топчиња, колку што ви бери садот со маслото, испрпелајте ги во јајцето, а потоа во сусамот,спуштетеги во маслото и пржете на умерена температура се додека не се добие златно-кафеава боја.
10. Извадете ги на хартиена салвета за да се впие вишокот на масло...
11. Кога ќе се изладат внимателно исечетеги на половина така што маслинката да има пресек преку пиперчето..