Салата со репа
Состојки
- 1 главица црна репа
- 1 главица бела репа
- 5-6 ротквици
- 1 младо лукче
- 2 варени јајца
- 2 лажици мајонез
- 2 лажици киселина
- 3-4 лажици маслиново масло
- малку сол, бибер
Подготовка
Белата и црната репа изрендајте ги. Јајцата сварете ги и исечкајте ги. Ротквиците и лукчето исечете го на тркалца. Во некој длабок сад ставете ги сите состојки и измешајте. Оставете ја салатата во фрижидер половина час. Уживајте...