Испечати

Смоквички

Смоквички

Состојки

  • 500гр суви смокви
  • 300гр плазма
  • 125гр маргарин
  • 150гр шеќер во прав
  • 4лажици јаворов сируп или мед
  • 150гр чоколада за готвење
  • 1 портокал
  • 150гр пралине

Подготовка

Во поголем сад се става маргаринот, шеќерот, чоколадата и јаворовиот сируп да се растопат. Одкако состојките ќе се соединат се додаваат сецканите смокви и убаво се меша смесата. На крај во подоладената смеса се додава мелената плазма и сокот од портокал. Убаво се меси смесата и се формираат облици по желба. Кај мене тоа изгледа вака со плус едно парче пралине од портокал.
Од истата смеса може да се оформи и саламичка која исто така е декоративна.