Испечати

Слатки мечиња

Слатки мечиња

Состојки

  • 500 гр брашно
  • 125 гр путер на собна температура
  • 180 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 1 ванила
  • 10 гр прашок за пециво
  • 15 лажици млеко

Подготовка

Во сад ставете ги сите состојки и замесете тесто.
Од тестото одкинете мал дел околу 1/4 и додадете 1 лажица какао и измесете го да се изедначи.
На набрашнета површина од белиот дел направите кора во дебелина 4-5 мм и сечите со чаша кругови (за главата) и на одредено растојание ставајте ги на плех обложен со хартија. Ќе ви треба два големи плеха. Со остатокот од сеченото тесто повторете ја постапката додека се потроши тестото.
Направете кора дебела 4-5 мм и со кафеавиот дел од тестото. Со капаче од шише сечите мали кругчина (за ушите) и редете ги под кругот за глава, малку притиснете да се залепат. Со ситни топчина направете и очи, нос и уста.
Се печат на 180 степени околу 15 мин.