Ролнички од готови кори со сирење и пециво
Состојки
- 500 гр. готови кори за баница
- За фил
- 300-400 гр. сирење
- 2 јајца
- 100-150мл. млеко или јогурт
- За премачкување на корите
- 150 мл. млеко или јогурт
- 150 мл. газирана вода
- 150 мл. масло
- 1 пециво
Подготовка
Корите исечете ги на два дела по средината (сите на еднаш). Од една цела кора на две и од едната кора ќе завиете ролна. Колку кори (цели) толку ролни ќе ви излезат.
Јајцата скршете ги и изматете ги во подлабока чинија со вилушка, додајте го раздробеното сирење, додавајте по малку млеко додека добиете не многу течна смеса да може да се филува, но да не биде премногу густа.
Земете една кора премачкајте ја со четка со млекото или јогуртот,ставете уште една кора,премачкајте ја со мешавината од масло и газирана вода и пециво.Ставете по две мали кафени лажички од филот на еден крај.Затворете од двата краја по малку за да не истече филот и завиткајте ролна.Така постпете со останатите кори додека не ги потрошите.Ставајте ги во подмачкан плех од рерна.Кога се готови ставете да се печат во загреана рерна на 250 степени.Печете 150 мин. на 200 и 15 мин 250 степени.Кога заруменале извдатете ги и покријте ги со најлонска кеса и чиста крпа.Оставете малку да се изладат и служете ги.Најдобро оди со чаша јогурт и парче сирење.