Испечати

Крем чорба од црвена лека и булгур

Крем чорба од црвена лека и булгур

Состојки

  • 150 гр. црвена лека
  • 50 гр. булгур пшеница
  • 20 гр. маслац
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица куркума
  • 1/2 лажичка буковец - толчена црвена пиперка
  • 1 лажичка ким
  • 2 лажички синапово семе
  • 1 главица кромид + 2 чешниња лук
  • по една шака спанаќ и магданос
  • на вкус сол, бибер
  • на вкус лимонов сок или кисела павлака

Подготовка

Јас само ви предлагам вака да ја спремите, а вие одлучете, кај мене е веќе одомакинета оваа чорба
 
1. Булгур пченицата измијте ја и прелијте ја со многу врела вода, поклопете и оставете ја настрана.
2. Црвента лека ставете ја во 800 мл. вода која веке врие, намалете ја температурата и оставете на тивко да се вари околу 15 мин. или додека не забележите дека веке е разварена, таа ќе се згусти.
3. Исецкајте го ситно кромидот и лукот, ставете да се пржи на маслацот и зејтинот, додадете заедно да се пржи и толчениот црвен пипер, кимот, синаповото семе, па сето ова додадете во сварената лека. Со стапен миксер измиксајте, ќе добиете кремаста смеса. Сега во кремот од леката додадете го спанаќот и магданосот, вратете тенџерето на оган кратко да проврие, колку да омекне спанаќот. Тргнете настрана и додадете го булгурот. Измешајте.
4. Сервирајте додавајки на крем чорбата лимонов сок или павлака, а може и јогурт.

Забелешка
- Булгур - бела лупена пшеница. Бидејки до синапово семе малку потешко доаѓам, јас денес ја спремив токму како што напишав само што не сум додала синап, но не ми сметаше. Кимот е извонреден зачин кој што допринесува да биде збогатен вкусот.
- Лично на мене ми се повеќе допаѓа со лимонов сок, а останатите ја сакаат со павлака, но за вкусовите веке не разговараме нели?
Нека ви е слатко!!!