Испечати

Видео рецепт: Свинско со сусам на кинески начин

Видео рецепт: Свинско со сусам на кинески начин

Азиската храна може да изгледа незгодна за подготовка кога ја јадете во ресторан, но таа се подговува доста лесно и бргу. Вок тавата е измислена за да се троши што помалку енергија и готвењето да биде ефикасно. Додавањето семе од сусам во овој рецепт е многу лесно и исклучително вкусно.

Состојки

  • 3 парчиња свинско месо
  • 1 врзопче млад кромид
  • 1 врзопче зелени листови зелка (блитва)
  • 4 лажици семе од сусам
  • соја сос
  • 1 зелен лимон
  • 2 порции кинески тестенини (нудлси)
  • сол и бибер
  • маслиново масло

Вид на оброк: Ручек
Комплексност: Лесно
Лица: 2
Време на подготовка: 30-60 мин.

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Вок тава.

Подготовка

Чекор 1: Време е за сецкање: Ситно исечкајте го младиот кромид, пресечете го зелениот лимон на половина, а потоа исечете го свинското на дебели парчиња.

Чекор 2: Ставете семе од сусам во длабока чинија и извалкајте ги парчињата свинско во него за да бидат убаво покриени со сусамот. Природните сокови од свинското ќе му помогнат на сусамот да се залепи за месото.

Чекор 3: Загрејте ја Вок тавата на многу силен оган и проверете го црвениот сензор за да видите дали вокот е спремен. Ставете го месото во масло и веднаш ставете го да се пржи во Вок тавата.

Пржете го свинското додека да добие кафена боја. Сега додадете соја сос, сок од зелен лимон и блитва и оставете ги сите вкусови да се спојат додека се пржат. Промешувајте ги состојките за максимално да ја искористите целата површина на вок тавата.

Чекор 4: Сварете малку нудлси во жешка вода неколку минути и спремни сме за сервирање.

Чекор 5: Сервирајте така што на чинијата ќе направите основа од нудлси и врз неа ставете од смесата со свинското. Гарнирајте со малку млад кромид и сос од вок тавата.

СОВЕТ: Премногу е лесно! Сокот од зелен лимон одлично оди со овој рецепт и немојте да го заменувате со сок од жолт лимон кој може да биде премногу сладок. Ако сакате да добиете подебела кора на свинското месо, намачкајте го со жолчка од јајце и семе од сусам пред пржењето.