Испечати

Охридски ржани ѓевречиња

Охридски ржани ѓевречиња

Состојки

  • 600 гр бело брашно
  • 400 г `ржано брашно
  • 1 коцка свеж квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица сол
  • 3 лажици масло
  • 50 гр сусам
  • 50 гр лен
  • 50 гр семки од сончоглед
  • 50 гр овесни снегулки

Подготовка

Од стасаниот квасец, двата типа брашно, маслото, шеќерот и солта со малку вода се замесува средно тврдо тесто кое се остава да стои 15 минути. Потоа тестото поделете го на 15 топчиња. Секое се сука со рака, додека не се добие долго ваљаче, а краевите се истенчуваат. Се прават мали кругови.

Во вода што врие, а во која сте додале 1 лажица мед ставете ги гевречињата да се варат. Вадете ги штом се појават на површината. Потоа исцедете ги и ставајте ги во чинија во која сте измешале сончоглед, сусам, овесни снегулки и лен убаво посипете ги од сите страни ѓевречињата па редете ги на плех намачкан со масло.
Загрејте ја рерната на 220 степени и печете ги ѓевречињата додека не поруменат. Извадете ги и послужете. Добар Апетит!