Испечати

Салата од печен кромид

Салата од печен кромид

Состојки

  • 1/2 кгр. кромид
  • на вкус оцет, сол, бибер, магданос, црни и зелени маслинки, зејтин

Подготовка

Е и ова да се проба, брзо, лесно...
Да, се работи за обичен печен кромид, нешто поразлична салат. да не ви се верува... колку е вкусна, -многу ми се допадна на мене, но како многупати утврдивме дека за вкусови не се разговара...ќе мора да пробате и ако ви се допадн, ќе биде стално на вашата трпеза

1. Кромидот во лушпа, измијте го, избришете, завиткајте во фолија, ставете во рерна да се пече околу 20 мин, извадете од рерната, излупете и насецкајте го.
2. Измешајте ги сите зачинки по ваш сопствен вкус, залијте го кромидот. Додадете ги маслинките- измешајте и сервирајте.

Забелешка
- Јас на оваа количина кромид ставив по 3 лажици зејтин и оцет, посолив на вкус... додадов десетина маслинки (имав само црни маслинки), свеж магданос, бибер. Одлично е.