Брзи компири
Состојки
- 1кг-1,5кг компири
- малку масло
- 250мл вода
- сол,бибер,оригано,кари,сув магданос,морков,... по вкус
- 1 лажица црвен пипер(по желба)
Подготовка
Компирите излупете ги и исечете ги на кругови или ленти, да не бидат тенки, а да не бидат ни многу дебели. Додека ги излупите сите ставајте ги во ладна вода(во сад) за да не поцрнат.
Измешајте ги со зачините. Ставете ги во тепсија подмачкана со масло и залејте ги со вода, покријте ги со фолија и ставете ги да се печат во загреана рерна 10 мин. на 300 степени и 20 мин на 250 степени (додека станат меки).
Може да печете уште додека станат крцкави(треба претходно да ја извадите фолијата(откако станале меки)). Полека тргнете ја фолијата. Оставете да се подолади 5-10 мин и служете. Одлично оди со месо а и без него...
Јадењето многу брзо се приготвува и е многу вкусно и евтинооо..