Солен колач со печурки
Состојки
- 260 гр печурки (шампињони)
- 3 јајца
- 100 мл млеко
- 80 мл масло
- 100 гр шунка
- 100 гр јако сирење
- 50 гр кашкавал
- 1/2 главица(80 гр) кромид
- 3-4 лажици магдонос
- 200 гр брашно
- 1 прашок за пециво
- на врв од мало лажиче сода бикарбона
- по потреба сол и бибер
Подготовка
1. Печурките исецкајте ги на половина или на три парчина или ако се помали може да ги оставите и цели.
2. Во тава со 3-4 лажици масло малку пропржете го кромидот исецкан на ситни коцки, потоа додајте ги печурките, посолете ги и оставете ги да се пржат додека течноста не им испари. Оставете ги да оладат.
3. Во сад ставете ги јајцата, млекото, маслото и со жица убаво изматете ги.
4. Додајте ги шунката, сирењето, кашкавалот исецкани на коцки, оладените печурки, исецканиот магдонос и на крај брашното измешано со пецивото, содата и малку бибер.
5. Смесата измешајте ја со лажица и ставете ја во правоаголен калап (30х10) или во куглоф кој претходно е намачкан со путер и посипан со брашно.
6. Се пече на 170-180 степени околу 40 мин.