Маринирано пилешко во корпички од пармезан
Состојки
- 400гр. пилешки гради
- За маринада
- 2 јајца
- 2 лажици брашно
- 1/2 лажица густин
- малку пециво
- 200-250мл ладно млеко
- 1 мала лажичка кари во прав
- За корпички
- 9 лажици пармезан
- по потреба масло
Подготовка
Во длабок сад изматете ги јајцата и додајте ги останатите состојки за маринада. Посолете и наросете мелен црн бибер.
Пилешките гради исечете ги на мали парчиња и ставете ги во маринадата.
Оставете да отстојат во фрижидер 1 час.
Во тава на оган ставете масло и во него пржете го парчињата месо.
Во тава за палачинки или обична тефлонска тава ставете неколку капки масло и убаво со четка или кујнска хартија премачкајте ја целата површина на тавата. Ставете 3 лажици од пармезанот и убаво распоредете го низ целата тава. Пржете на тивок оган додека се одлепи од тавата.
Вака испржената можам да кажам палачинка од пармезан веднаш ставете ја на чаша или некој помал сад превртен наопаку. Оставете да се стврдне.
На ист начин направете ги и останатите 2 корпички.
Во чинија за сервирање ставете една корпичка и во неа парчиња од пилешките гради.
Добар апетит!