Пита попара од бајат леб
Состојки
- 500 мл. млеко
- 2 јајца
- 300 гр. бајат леб
- на вкус сол, 10-тина маслинки, 3-4 кисели краставички
- 50-60 гр. кашкавал
- на вкус зачини-оригано, микс на семиња или само сусам
- 2-3 чешниња лук
Подготовка
Веке знаеме дека лебот не се фрла. Еве еден мој предлог како да се искористи, а да подсетува на вкусот од пицата
- Лебот насецкајте го на коцки.
- Млекото и јајцата измешајте ги, осолете и залијте го исечениот леб.Измешајте. Оставете нека одстои најмалку околу 2 часа.
- Во модлата со размер 26 ставете хартија за печење, исипете ја смесата од лебот, израмнете, ставете одозгора стиснат преку преса лукот или ситно насецкан, насецкани кисели краставички, насецканите маслинки, нарендајте одозгора кашкавалот, посипете со од вас изберените семиња или само сусам.
- Печете ја питата во предходно загреана рерна на највисоката степен околу 15-20 мин. (Зависно од самата рерна).
Печена оставете да се олади, послужете.
Забелешка
- можете да си ставите и сувомеснати производи,
- вака припреманиот леб може да одстои и преку ноќ во фрижидер, наутро да ја доспремите и да си припремате добар доручек.
- исто така може да се стави и пиперка од туршија...
Да не ве буни тоа што нема во состојките зејтин, нема затоа што не е потребно.