Испечати

Праски колачи со Нутела

Праски колачи со Нутела

Состојки

  • За тесто
  • 3 јајца
  • 1 чаша од 250 мл. шеќер
  • 1 чаша од 250 мл. масло
  • 1 чаша од 250 мл. млеко
  • 900-1000 гр. брашно
  • 1 пециво, 1 ванилин шеќер,рендана кора од лимон
  • За фил
  • 200 мл. млеко
  • чаша од 100 мл. шеќер(може и помалку)
  • 4 лажици нутела
  • 1 лажица рум
  • 1 лажица мед
  • трошки од длабените колачи
  • За декорација
  • 100 мл. вода, 5 гр. прашкаст сок од јагода(или кој било друг со црвена боја)
  • 100 мл. вода 5 гр. прашкаст сок од праска(или кој било друг со портокалова боја)
  • по потреба кристал шеќер

Подготовка

Јајцата изматете ги со шеќерот како за торта, додајте го млекото и масло измешајте со жица и додавајте по малку брашно додека се формира топка мешајќи со жица, па додајте уште брашно и пециво и замесете тесто кое не се лепи на рацете и површината.
Од тестото одделувајте еднакви парченца големи колку кајсија и малку расплескајте ги, ставајте ги на плех со пек папир. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 230 степни додека заруменат, одоздола треба да бидат благо кафеави.
Додека се млаки издлабете ги од долната страна со нож. Најдобро да имате помошник за да ги издлабите додека се млаки бидејќи после тешко се длабат.

Кога сите ќе бидат готови направтее го филот.
Ставете го млекото и шеќерот да се стопи шеќерот, додајте ја нутелата да се стопи, оставете да проврие. Додајте ги трошките, медот и румот убаво измешајте додека се изедначи.
Полнете ги колачите(филот малку нека излегува нанадвор) со раце или мало лажиче. Лепете ги две по две благо притискајќи да се залепат.

Кога сите се готови, по малку од сите страни намакнувајте ги колачите во сокот(во двата различно), на почетокот нема да имаат баш некоја боја, но ќе си добијат. Не ги намакувајте многу, па да се распаднат.
Ставајте ги на салафетка да се подзасушат.
Кога ќе направите 5-6 тогаш почнете од првата да валкате во кристал шеќер, постапката повторете ја останатите колачи. Оставете ги преку ноќ да се исушат(поклопени со капак или покриени со најлон и крпа(10 мин. откако малку се засушиле).
Чувајте ги во кутија со капак, колку повеќе стојат толку поубави се и помеки (како ванилиците).
Од оваа доза излегуваат 50-55 колачи зависи од големината на колачите. Имајте во предвид дека во текот на печењето нараснуваат.