Поховани соини шницли
Состојки
- 12 парчиња соини шницли
- За похување
- 1 јајце
- по потреба(околу чаша од 150мл.) презла
- масло за пржење
- сол по вкус
- по вкус црн бибер,вегета...
Подготовка
Се става вода во сад да зоврие, се посолува, се ставаат соините шницли се варат 30 мин додека омекнат. Кога се сварени се цеди вишокот вода, се вадат шницлите и се оставаат во фрижидер да се оладат.15-20 мин. Се ваѓаат се цедат од вишокот вода стегајќи ги со рацете, се оставаат на салафетка да се исушат.
Се загрева масло во тава и кога е загреано секоја шницла се намакува во изматено јајце, се валка во презла и се става да се пржи. Постапката се повторува со останатите шницли.
Овие шницли одат во прилог од компир пире или салата или друго по желба...