Луди времиња
Состојки
- 250 гр маргарин
- 250 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 3 јајца
- 50 мл млеко
- 300 гр брашно
- 1 пециво
- 1 прашок за пудинг од јагода (малина, или каков сакате)
- 4 лажици благо какао (несквик)
- малку црвена прехрамбена боја
Подготовка
Убаво изматете го маргаринот со шеќерот и ванилата. Едно по едно додавајте ги јајцата, па млекото и на крај брашното предходно измешано со пецивото.
Одделете 2/3 од смесата и во неа измиксирајте го прашокот за пудинг и бојата.
Намастете и побрашнете го калапот (10х30) или ставете пек хартија и во него истурете половина розева смеса. Врз неа посипете со 2 лажици какао. Со лажица ставете ја белата смеса, па преостанатото какао и над него преостанатата розево-црвена смеса.
Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 45 мин.
Колачот е луд, сам си ги прави шарите)))