Падобранци
Состојки
- 6 белки од јајца
- 1 јајце
- 500гр шеќер
- 250гр мелени ореви
- 1 ванила
- 1 рамна лажица брашно
- фил
- 7 жолчки
- 7 лажици шеќер
- 100гр чоколада
- 125гр маргарин
Подготовка
6 белки заедно со 500гр шеќер и оревите се ставаат на пареа да се згуснат. Се меша постојано околу 25 минути додека смесата се спои-врзе и се внимава да не зоврие.
Се трга настрана убаво да се излади и во смесата се додава едно цело јајце и една рамна лажица брашно.
Во плех на хартија за печење со малечко лажиче се става од смесата ама на поголемо растојание. Се печат околу 15 минути на 170 степени притоа се внимава одозгора да фатат малку коричка.
Оладени се спојуваат по две со малку фил.
Фил
Жолчките се матат на пареа со шеќерот, а потоа се додава чоколадата и маргаринот и се остава убаво да се излади.