Папалина со лимон
Состојки
- 1 кг папалина-риба
- 5-6 ловорови листови
- 100 гр зејтин
- 100 гр оцет
- 200 гр вода
- 50 гр сос од домати
- 3 лимони
- 5 моркови
- 1лажица мешан зачин
Подготовка
За подготовка на овој рецепт, денес решив да употребам папалини, со средна големина.
1. Се чистат и се мијат рипчињата. Се посолуваат.
2. Се сечат на кругови лимоните и се редат како подлога во тавата.
3. Морковите се редат брз лимоните. Исто така и тие се исецкани на тркалца.
4. Рибите се редат во тавата една спроти друга, се додека не се потполни тавата.
5. Се попркува тавата со масло и се посолува со мешан зачин.
6. Ловоровите листови се разредуваат по тавата.
Откако вака добро ја наредивме рибата, се префрламе на сосот кој што е значаен дел во рецептот.
Во подлабокиот сад ги мешаме овие состојки
1. 200 гр. вода
2. 100 гр. оцет
3. 1 лажица мешан зачин
4. 100 гр. зејтин
5. 50 гр. сос од домати
Се полева рибата со овој фил и се затвара со фолија.
Се пече околу еден час на 150 степени.
Прекрасен рецепт. Пробајте...На здравје.