Двобоен куглов со нутела
Состојки
- 4 јајца
- 2 филџани шеќер (200гр)
- 1,5 филџани масло
- 1,5 филџани млеко
- 4 филџани брашно (300гр)
- 1 пециво
- 1 ванила
- 1,5 лажица какао
- 4 лажици нутела
- За попрскување
- 3 лажици нутела
- 50гр. млечно чоколадо
Подготовка
Најпрвин пенесто изматете ги јајцата и шеќерот. Потоа додајте ги маслото и млекото и матете уште малку. Додајте го брашното, ванилата и пецивото и измешајте со жица за матење.
Модлата убаво премачкајте ја со путер и во неа истурете го поголемиот дел од изматената смеса. Во преостанатиот дел додајте ја нутелата и какаото и измешајте со жица. И оваа смеса додајте ја во модлата. Печете 30-40 минути на 180 степени.
Испечениот куглов оставете го да се излади, а потоа извадете го од модлата.
Во сад на пареа ставете го чоколадото и нутелата да се топат. Од растопената смеса грубо нанесете низ целиот куглов.
Филџаните се од 150мл.