Испечати

Ќофтиња од кисела зелка

Ќофтиња од кисела зелка

Состојки

  • 500 гр кисела зелка
  • 150 гр брашно
  • 1 јајце
  • 1 лаж шеќер
  • 1 лажиче сода бикарбона

Подготовка

Зелката ја сецкаме најситно што можеме ја истискуваме од течноста и ставаме во сад. Додадете јајце, шеќер, брашно и содата. Со раце убаво соединете ја смесата. Со навлажнети раце фомирајте ќофтиња кои ќе ги расплескат на дланката на раката да бидат потенки. Се пржат во малку масло на умерена температура по околу 10 мин од едната и 10 мин од другата страна.